Камавинга одбива да си оди од „Бернабеу“, Реал сега ќе мора да го продаде Чуамени

24.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камавинга одбива да си оди од „Бернабеу“, Реал сега ќе мора да го продаде Чуамени

Со доаѓањето на Мурињо на клупата, Реал почна да го составува новиот тим за следната сезона. Со денови се зборува дека едно од имињата кои мора да одат на продажба е Едуардо Камавинга, но како што објави „Атлетик“, Реал се соочува со проблем, затоа што Французинот не прифаќа никаков разговор за трансфер. Тој има намера и ќе остане во Мадрид и следната сезона.

Оттука, „кралевите“ сега мора да одат со опција Б и да почнат да разгледуваат дел од понудите за Оерелен Чуамени.

Продажбата на еден од играчите за врска е неопходна за да се ослободи простор за нов креативен играч, а главна цел на Мурињо е Енцо Фернандез. Челзи бара околу 120 милиони фунти за него, а самиот играч сака нов почеток и претпочита да се пресели во Мадрид. Алтернативни опции се Матеус Фернандес од Вест Хем, за кого има голема конкуренција, како и 18-годишниот Ајуб Буади од Лил, чија цена би била 80 милиони евра. Сепак, прво мора да се најде добар купувач за Чуамени.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата