Каква провокација од Мароко:“Да видиме дали Јамал донел вистинска одлука!“(ФОТО)

14.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каква провокација од Мароко:“Да видиме дали Јамал донел вистинска одлука!“(ФОТО)
ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB

Откако Мароко повторно се претстави на светската сцена со престижното реми 1-1 против Бразил, претседателот на локалната фудбалска федерација, Фузи Лекџа, веќе смело гледа кон финалето на Светското првенство. Четири години по нивниот сензационален настап во Катар, каде што стигнаа до четвртото место, елиминирајќи фудбалски гиганти како Шпанија и Португалија, „Атласките Лавови“ повторно покажуваат класа. Ова му даде можност на шефот на мароканскиот фудбал да испрати интригантна провокација до младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација – Ламине Јамал. Во изјава за медиумите, претседателот на федерацијата Лекџа не ги криеше своите амбиции и испрати директна порака до талентираниот фудбалер.
„Сега се надевам дека ќе се сретнеме со Шпанија во финалето на Светското првенство за да видиме дали Ламин донел правилна одлука.“ изјави Лекџа.
И покрај нивните напори, Јамал, роден во Шпанија, чиј татко е Мароканец, а мајка му е од Екваторијална Гвинеја, одлучи да ја брани честа на својата татковина. Изборот на Јамал ​​очигледно е тема на интерес во фудбалските кругови во Мароко, но екипата на „Атласките Лавови“ е доказ дека успешно привлекуваат играчи со корени во земјата, но родени во странство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата