Каков шок за “Специјалниот“: Џенова ја понижи неговата Рома!

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каков шок за “Специјалниот“: Џенова ја понижи неговата Рома!

Џенова – Рома 4:1 е епилогот од вечерашниот меч од 6.коло во Серија А на стадионот „Луиџи Ферарис“. Шокантен пораз за тимот на Жозе Мурињо, и не само поради поразот туку и поради тоа што Џенова просто го понижи неговиот тим преполн со ѕвезди како Лукаку, Дибала, Пелегрини, Паредес…

Но Џенова одигра херојски, знаеше што сака, и со својот настап и победа ги фрли во транс своите фанови на трибините.

Гудмундсон уште во 5.минута донесе радост за домашните, но Кристанте во 22.минута го израмни резултатот.

Во 45.минута Ретегуи донесе ново водство од 2:1, па потоа следуваа головите на Торсби и Месиас за конечни 4:1.

Допрва ќе видиме како на ова ќе реагира “Специјалниот“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата