Веќе се знае дека Чаби Алонсо ако во среда загуби од Манчестер Сити ќе добие отказ, Незадоволството по вчерашниот пораз од Селта на свој терен е големо, Барселона е Само две победи во последните седум натпревари се знак дека позицијата на Чаби Алонсо на клупата на Реал е под закана. Според „Атлетик“, најверојатниот кандидат да го наследи е Алваро Арбелоа. Секако дека ова е голем шок за фановите на “кралевите“.
Арбелоа играл за Реал уште од своите млади денови во Реал. Својата шанса ја барал преку третиот и вториот тим на Кралскиот клуб, играл за Ливерпул и Депортиво пред да се етаблира како дефанзивец во првиот тим на Реал. Своите најдобри години ги поминал таму, од 2009 до 2016 година, и поминал уште една сезона во Вест Хем за да ја заврши кариерата.
Денес, тој има 42 години и е тренер на резервниот тим на Реал.
Откако ја заврши играчката кариера, тој работеше во клубот, најчесто како тренер на младинските екипи. Реал сакаше да го доведе Зинедин Зидан, но тој се обврза на француската репрезентација откако Дидие Дешамп најави заминување. Се дискутираше и за Јирген Клоп, но таа опција не е реална.
sportmedia.mk

