И Мбапе е повреден: Французинот скршил прст на раката на дуелот со Селта

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Мбапе е повреден: Французинот скршил прст на раката на дуелот со Селта
фото: Real Madrid C.F. (X)

Проблемите во Реал никако да завршат. Според последните информации, првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, го скршил прстот на натпреварот од Ла Лига против Селта (0:2).

Французинот се повреди во 43-тата минута од натпреварот додека минуваше покрај дефанзивецот Оскар Мингеза. Мбапе го напушти теренот и се врати со завој на левата рака.

Некои медиуми објавија дека Мбапе го скршил четвртиот прст на левата рака. Сепак, тој ќе може да игра на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити во среда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата