Каде исчезна Златан Ибрахимовиќ, се прашуваат фановите во Италија

18.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Каде исчезна Златан Ибрахимовиќ, се прашуваат фановите во Италија
Фото: Златан Ибрахимовиќ/Инстаграм

Навивачите на Милан го паметат како последен напаѓач кој постигнал 20 гола во една сезона, во време кога нападот на „росонерите“ се мачеше. Ова се случи во сезоната 2011/12, кога постигна 28 гола, а овој временски период зборува многу, пишува „Газета дело Спорт“, додавајќи дека Ибрахимовиќ практично исчезнал од миланската сцена.

Тој се појавува само повремено на социјалните мрежи, или за да ги промовира своите комерцијални активности или за да споделува фотографии од својот одмор. Така, на 22 март, денот по победата против Торино, објави видео во кое се одмара со натпис „Мирен момент“, без да се сомнева дека овој мир за клубот ќе биде краткотраен и ќе се претвори во вистински кошмар, се наведува во текстот.

За разлика од некои други вработени во Милан, Златан Ибрахимовиќ не е должен да се појавува во јавноста. Неговиот начин на комуникација значително се промени со доаѓањето на Игли Таре, кој ја пополни празнината во спортскиот сектор, но ја презеде и улогата на портпарол на клубот. Присуството на Златан во медиумите е намалено од „премногу“ на „скоро ништо“. Тој се повлече од сцената и ги остави навивачите да се прашуваат што всушност прави.

Навивачите на клубот исто така сакаат да го чујат неговото мислење за кризата. Тие сакаат да знаат какви контрамерки презема раководството за да избегне уште поголеми проблеми и каков би бил неговиот рецепт, како „стар волк“ на теренот и некој што длабоко ја познава ситуацијата во Милано. Златан, барем засега, се држи настрана, резимира „Газета“.

Неговата улога во голема мера зависи од сопственикот на клубот. Швеѓанецот е негов доверлив суперсоветник, негови „очи во Милано“, како што рече самиот Кардинале. Затоа, нема потреба од задолжителни јавни настапи, особено затоа што Кардинале е сè почесто во градот во последните месеци, а кога шефот е лично присутен, природно е сцената да му се отстапи нему.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата