Јувентус ја определи цената за Влаховиќ!

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јувентус ја определи цената за Влаховиќ!

Сега е и дефинитивно. Јувентус сака по секоја цена да се ослободи од Душан Влахович и предвреме да се раздели со Србинот. Ова се најавуваше со месеци наназад, но денеска медиумите во Италија пренесуваат дека гигантот од Торино ја одредил цената за својот напаѓач.

Таа изнесува 40 милиони евра, но раководството на клубот од Торино е подготвено да разговара и за помала сума. Од ова се гледа колку очајно Јуве сака да се ослободи од Влаховиќ, кој искрено не ги задоволи високите стандарди на клубот и пред се фановите. Од него по доаѓањето од Фиорентина се очекуваше многу повеќе.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата