Со головите на Нико Гонзалез во 11.минута и на Коло Муани во 33.минута, Јувентус на свој терен успеа со 2:0 да ја победи Монца. Ова беше меч од 34.коло во Серија А.
Треба веднаш да се каже дека во текот на целото второ полувреме Јуве играше со играч помалку откако Јилдиз беше исклучен во последните секунди од првото полувреме поради удирање противнички играч со лакт.
Со оваа победа и со овие три бода сега Јуве има 62 бода и се наоѓа на 4.место на табелата со два бода повеќе од петтата Болоња,но и меч повеќе.