Јуве ја „брка“ ѕвездата од 75 милиони евра по само три месеци?

8.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јуве ја „брка“ ѕвездата од 75 милиони евра по само три месеци?

Бразилскиот играч за врска Даглас Луиз дојде во Јувентус од Астон Вила во текот на летото за високи 52 милиони евра. Во Астон Вила беше одличен но во Јувентус не е така. За „Старата дама“ досега има осум настапи или вкупно 222 минути и само еднаш бил во стартниот тим, а нема ниту еден гол ниту една асистенција. Згора на тоа, на последните два натпревари направи по еден пенал.
Против Лајпциг по негова грешка судијата покажа пенал, но тогаш „Старата дама“ успеа да победи со 3:2. Но на следниот меч повторно негова грешка, направи фаул за пенал, а сега неговиот тим загуби два бода затоа што одигра 1:1 против Каљари.

Торински „Тутоспорт“ пишува дека тренерот Тијаго Мота не се сомнева во неговите технички квалитети, меѓутоа проблемот е во интензитетот на неговата игра. Мота бара високо темпо и многу трчање во двете насоки, а Луиз засега не успева тоа да го направи и е во втор план.
Јуве ќе почека до јануари, па ќе одлучи за неговиот статус. Можно е да замине на позајмица во друг клуб, може да биде продаден…


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата