Јунајтед и Вест Хем одиграа без победник на “Олд Трафорд“!

4.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јунајтед и Вест Хем одиграа без победник на “Олд Трафорд“!
ФОТО: West Ham United/FB

Во меч од 14.коло во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на свој терен одигра само 1:1 и со тоа прошушти голема шанса да се искачи на 4.место на табелата. Искрено четата на Рубен Аморим одигра не така квалитетно, иако имаше свои шанси, а имаше и водство до 83.минута.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Далот во 58.минута. И кога се чинеше дека Јунајтед ќе знае како да ја „заклучи“ оваа средба со победа, не мислеа така “Чеканите“ кои со гол во 83.минута преку Магаса успеа да дојде до 1:1 и тоа до голем бод во битката за опстанок во Премиерлигата.

Да славеше вечерва Манчестер Јунајтед ќе беше на делба на 4.место на табелата заедно со Челзи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата