Јамал не го заборави главниот „виновник“ кој му даде шанса

16.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал не го заборави главниот „виновник“ кој му даде шанса
Фото: Барселона/Твитер

Ламин Јамал одигра уште еден маестрален натпревар синоќа во победата на Барселона на гости против градскиот ривал Еспањол. На овој начин, Каталонците ја обезбедија титулата шампион на Шпанија, а по натпреварот Јамал едноставно мораше да спомене еден човек.

Покрај зрелоста што ја покажа овој тинејџер, тој ги импресионираше сите и со изјавата што ја даде по натпреварот.

Откако ја освои титулата шампион на Шпанија, Јамал беше единствениот што го спомена Чави Хернандез, кој му даде шанса во првиот тим на Барселона, а како што многумина велат, тој беше оној што ги „постави темелите“ за денешниот тим на каталонскиот клуб.

„Сите сме многу благодарни на Чави, морам да го споменам. Без него, ништо од ова немаше да се случи“, рече Јамал по натпреварот.

Исто така, многумина го споредија Јамал со Лионел Меси и Роналдињо и му рекоа дека по овој дуо, тој е оној кој ја врати насмевката на лицата на навивачите на Барселона со својата неверојатна игра и голови.

„Сакам да ги постигнам своите цели и да бидам свој. Сакам да ја напишам сопствената историја. Меси? Тој е најдобриот играч на сите времиња“, додаде Јамал.

Инаку, Јамал постигна спектакуларен гол на почетокот од второто полувреме за водство на Барселона, а во судиското продолжение му асистираше на Фермин Лопез за конечни 0:2.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата