Со победата на гостувањето во Билбао, Барселона направи нов чекор кон шампионската титула. Каталонците славеа со минимални 1:0 и по оваа победа имаат четири бода повеќе од првиот и единствен конкурент во борбата за титулата, Реал Мадрид.
Одлуката за победата стигна во 69-тата минута. Акцијата на Барселона одеднаш се забрза, Педри му додаде на Јамал, кој биеше со левата, а топката од стативата влезе во мрежата за 0:1!
Атлетик се обиде да возврати, Наваро имаше полушанса во судиското продолжение, но немаше промена на резултатот, а Барса ги зеде сите три бода од ова гостување.

