Челзи по продолженија до четвртфинале во ФА Купот

7.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи по продолженија до четвртфинале во ФА Купот
фото: Chelsea FC (X)

Фудбалерите на Челзи стигнаа до четвртфиналето од ФА Купот на тежок начин, победувајќи 4:2 во Рексам дури по продолженија, откако во регуларните 90 минути од играта беше 2:2.

Дека избраниците на Лиам Розениор нема да имаат лесна задача вечерва во Рексам се почувствува веќе во 18-тата минута кога Сем Смит ги доведе домаќините во водство, потврдувајќи го правилото дека најопасните натпревари се елиминациските натпревари.

Дефицитот од еден гол ги алармираше гостите од Лондон кои додјдоа до израмнување на пет минути пред паузата. Оконво го израмни резултатот со автогол.

До следен гол се чекаше до 79-тата минута кога Калум Дојл постигна исклучителен погодок со удар надвор од шеснаесетникот. Радоста на домашните траеше до 82-та минута, кога Џош Ачампонг израмни за 2:2. Целосен пресврт можеше да следи шест минути подоцна, но Педро Нето ја погоди пречката.

Во продолженијата Гарначи и Жоао Педро погодија за победа и пласман на Челзи во следната рунда.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата