Јамал и Рафиња го “средија“ и Рајо за “три од три“ на шампионот

31.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јамал и Рафиња го “средија“ и Рајо за “три од три“ на шампионот
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/

Рајо Ваљекано “покажа заби“, имаше водство од 0:1, дојде на 3:2, но сепак Барса е Барса. Рафиња и Јамал кога требаше, помогнати од расположениот Гордон, покажаа како треба и затоа Барса победи со 5:2, трета победа во третиот меч сезонава во Ла Лига и враќање на лидерската позиција ако се знае дека за два гола има подобра гол-разлика од вечниот ривал – Реал Мадрид, и двата гиганти имаат “три од три“ на стартот од сезоната.

Кога игра Барса секогаш е тоа атракција. Така беше и вечерва на “Камп Ноу“. Шанси, опасни закани, но гостите поведоа со 0:1 со голот на Камело во 12.минута.

Барса брзо врати, Рафиња „стрелаше“ за 1:1 во 19.минута, а Јамал две минути подоцна го “сврте“ резултатот на 2:1 за воодушевување на “Камп Ноу“.

Во самиот финиш на првиот дел Кунде погоди за 3:1, ама ВАР го поништи тој гол поради офсајд.

Во петтата минута од вториот дел, Гордон нафрли пред гостинскиот гол, а таму Лежен си постигна автогол за 3:1 за Барса. И кога се чинеше дека гостите ќе доживеат катастрофа, Камело со својот втор гол намалува на 3:2 во таа 59.минута.

Сепак дилемите, ако ги имаше, беа разрешени во 71.минута кога Рафиња со својот втор стави точка на овој меч. Со овој гол Рафиња со 5 гола изби на врвот на листата на стрелците.

Сосема за крај, во 90.минута, Јамал погоди уште еднаш, сега за конечни 5:2 за Барса.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата