Ј. Африка со три бода на стартот, Замбија и Мали одиграа без победник!

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ј. Африка со три бода на стартот, Замбија и Мали одиграа без победник!
ФОТО: TotalEnergies Africa Cup of Nations/FB

Денеска е вториот ден од АКН кој се одржува во Мароко. Во првиот денешен меч Замбија и Мали, меч од групата А, одиграа 1:1. Синајоко му донесе водство на Мали, додека Замбија израмни преку Дака во 90+2.минута. Во првото полувреме Мали не реализира пенал.

На во вториот меч кој се одигра во Маракеш, и тоа како имаше што да се види.

Ј. Африка славеше против Ангола со 2:1. Аполис во 21.минута донесе водство на селекцијата на Ј. Африка, додека Ангола израмни преку Соу во 35 минута. Победата за големиот фаворит ја обезбеди Фостер во 79.минута.

Ова беше меч од групата Б.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата