Емери е приземен: Не сме кандидати за титулата

22.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Емери е приземен: Не сме кандидати за титулата
фото: Aston Villa (X)

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, не верува дека неговиот тим е кандидат за титулата оваа сезона.

Астон Вила го победи Манчестер Јунајтед со 2-1 во 17-то коло од Премиер лигата, обезбедувајќи ја својата 10-та победа по ред. Тимот е трет на табелата, три бода зад лидерот Арсенал.

„Нашите можности и потенцијал се реални; игравме против многу тимови, како Арсенал и Манчестер Сити. Секако, ги победивме тука, но тие имаат сериозни тактички предности и играчи на високо ниво. И ние имаме, но реално, ние не сме нивни ривали за титулата. Не сме претенденти за неа“, искрен е Емери.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата