Селтик го отпушти менаџерот Вилфред Нанси по само 33 дена на чело на тимот и шест порази во осум натпревари.
Селтик објави дека го раскинал договорот со францускиот тренер и дека неговиот тренерски штаб и шефот на фудбалските операции Пол Тисдејл исто така го напуштиле клубот. Ненси го замени Брендан Роџерс на клупата и ги загуби првите четири натпревари, вклучувајќи го и финалето на Лига купот против Абердин, а тимот од Глазгов загуби шест од осумте натпревари.
Последен пат кога Ненси го водеше тимот беше во саботата во големото градско дерби против Ренџерс, кое Селтик го загуби со 1:3.
Келтите попладнево веднаш реагираа и го вратија на кормилото легендарниот Мартин О’Нил. Како по обичај во последно време, кога нешто не функционира, Селтик го враќа О’Нил како преодно решение. Според информацијата од клубот, тој ќе го води Селтик до крајот на сезоната.

