Репрезентативците на Брегот на Слоновата Коска ја совладаа екипата на Буркина Фасо со 3:0 и го продолжија походот кон одбрана на титулата на Купот на Африкански Нации.
Младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Амад Диало, го отвори резултатот во 20-тата минута, а Диоманде на асистенција на Диало го зголеми водството во 32-та минута. Точка на резултатот стави Туре во 87-та минута.
Во четвртфиналето Брегот на Слоновата Коска ќе ги одмери силите против репрезентацијата на Алжир која во вториот натпревар оваа вечер ја совлада екипата на ДР Конго.

