Иван Јуриќ ќе го спасува Саутемптон

20.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иван Јуриќ ќе го спасува Саутемптон

Последнопласираниот тим во Премиер лигата, тимот на Саутемптон ќе има нов менаџер. Се работи за Иван Јуриќ, хрватскиот стратег, кој е екс тренер на тимот на Рома. Според Скај Спортс, потпишан е договор на 18 месеци, со опција секако да биде раскинат доколку клубот сезонава не обезбеди опстанок. Доколку пак Саутемптон се спаси, тогаш истиот има опција да се продолжи на уште две години.

Јуриќ минатиот месец доби отказ од Рома. Тој ќе го замени Расел Мартин на Сент Мери, кој беше отпуштен на почетокот на неделата по тешкиот пораз од Тотенхем. Ова ќе биде негова прва тренерска работа надвор од Италија.

Се очекува Саутемптон многу брзо и официјално да го објави назначувањето. Сепак, Јуриќ нема да го предводи тимот на неделното гостување кај Фулам.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата