Алофонсо Дејвис (23) со месеци се најавуваше како лев бек кој и тоа како ќе го засили Реал Мадрид. Пред неколку недели искочи информација дека репрезентативецот на Канада и еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција се договорил со Баерн Минхен за продолжување на договорот кој му истекува во јуни. Сепак тие информации, и тоа од неговиот менаџер брзо беа демантирани.
Најново е тоа што во трката за одличниот Дејвис и дефинитивно се вклучи и трет гигант, а тоа е Ливерпул.
Последните информации велат дека сега “Редси“ се најблиску до Дејвис, а по се ова фановите на овој клуб и тоа како се израдуваа.
Од друга страна медиумите во Германија истакнуваат дека ова е само „игра“ на менаџерот на Дејвис, имено тој намерно го вклучува во игра Ливерпул со цел да извчече што повеќе пари за својот клиент.
Едно е јасно. Ако Дејвис си замине во јануари тогаш Баерн и нешто ќе заработи, ако не тогаш во јуни може да си оди како слободен играч.
Се чини декасега на потег е Баерн Минхен.