Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

9.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!
ФОТО:.facebook.com/PSG/

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди 500 вработени во клубот со целосно финансирано патување на финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта.
Катарскиот бизнисмен има за цел да им обезбеди незаборавно искуство на луѓето кои работат во клубот и да ги награди за нивниот значаен придонес во успехот на тимот. Овој потег го отсликува она што се случи минатата сезона, која заврши со триумф на ПСЖ и освојување на „ушлето“. Многумина веруваат дека токму присуството на вработените може да се покаже како талисман за Парижаните, како што се случи во финалето во Минхен минатата година. Потоа „светците“ беа бескомпромисни и го победија Интер со убедливи 5-0, носејќи огромна радост на своите навивачи.
Гестот на Ал-Келаифи се смета и за дополнителен поттик за тимот на Луис Енрике. Се очекува илјадници навивачи на ПСЖ да пристигнат во унгарската престолнина, а присуството на 500 вработени дополнително ќе ја зајакне поддршката на трибините и ќе биде моќен „ветер во грб“ за играчите на теренот.
Големиот судир за трофејот се приближува, а сите во Париз се надеваат на повторување на успехот од минатата година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата