Ираола потврди, Ливерпул без Исак и Гакпо на викенд дербито против Сити

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ираола потврди, Ливерпул без Исак и Гакпо на викенд дербито против Сити

Викендов продолжуваат активностите во Премиер лигата, а главна тема секако е неделното големо дерби помеѓу екипите на Ливерпул и Манчестер Сити.

Менаџерот на Ливерпул, Ираола, на денешната официјална прес конференција пред мечот, ги потврди најавите дека неговиот состав е драстично ослабен. Пред се во нападот, затоа што нема да може да се смета на двајцата главни напаѓачи, Гакпо и Исак.

Тие се повредени, но добра страна од сето ова што повредите не се од потежок карактер. Па така, Ираола ќе мора да се сврти кон не толку многу користените напаѓачи периодов од типот на Бредли Баркола и Луис Кумас.

Мечот в недела стартува од 17:30 часот.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата