Немања Радоњиќ повторно ќе игра за Чукарички

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Немања Радоњиќ повторно ќе игра за Чукарички

„Вечниот“ најголем талент на српскиот фудбал, сега веќе 30. годишниот Немања Радоњиќ по неколку месечна пауза конечно пронајде клуб. По втор пат во својата кариера крилниот напаѓач ќе го носи дресот на Чукарички.

Јавноста во Србија утринава е полна со написи околу најновиот ангажман на контроверзниот фудбалер, кој што засекогаш ќе остане мистерија. Односно ќе се води дебата колку во суштина можеше доколку се однесуваше како што треба.

Напроти сите обиди, од најразлични страни, и мал „милион“ дадени шанси во кариерата, Радоњиќ секогаш пронаоѓаше начин како истата да ја „минира“ и да биде ставен на трансфер листа.

Дали тоа беше тимот на Рома, каде што своевремено сензационално беше продаден па потоа Црвена Звезда, Олимпик Марсеј, Херта, Бенфика, Мајорка, Торино… Радоњиќ мина низ серија на фудбалски гиганти но никаде не се задржа повеќе од сезона, две… Причината секако е лошиот негов однос, непрофесионализмот, и проблематичниот карактер…

И таков, Радоњиќ стигна до близу педесет настапи за А селекцијата на Србија.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата