Инзаги призна: Нема да барам изговори, целосно нè надиграа

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Инзаги призна: Нема да барам изговори, целосно нè надиграа

èèТренерот на Интер, Симоне Инзаги, призна дека неговиот тим одиграл лошо против Фиорентина и поразот е целосно заслужен. „Нероаѕурите“ загубија со 0:3 и пропуштија да се израмнат со лидерот во Серија А, Наполи.

„Не го започнавме добро натпреварот и практично отсуствувавме од него цело време. Заслужено загубивме. Честитки за Фиорентина.

Доцнивме да реагираме на нападите на Фиорентина, иако имаше предупредувачки знаци уште пред паузата. Одговорноста е моја. Ќе анализираме што се случи, но сигурно нема да правиме драми. Не барам изговори, вистината е дека не бевме на вообичаеното ниво“, изјави тренерот на Интер, Симеоне Инзаги.

По завршување на 23-то коло, Интер има 51 бод, три помалку од лидерот Наполи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата