Интересно: Барса ќе добие 1,35 милиони евра од трансферот на Кукуреља во Реал Мадрид!

17.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интересно: Барса ќе добие 1,35 милиони евра од трансферот на Кукуреља во Реал Мадрид!
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Интересен, можеби и неверојатен податок. Имено Барселона ќе добие 1,35 милиони евра од трансферот на Марк Кукуреља во Реал Мадрид. Дефанзивецот се приклучи на академијата на Барселона од Еспањол во 2012 година, имајќи еден настап за првиот тим. Во 2020 година, Кукуреља беше продаден од Каталонците на Хетафе, а од мадридскиот тим се пресели во Брајтон пред да заврши во Челзи.

Па така според механизмот за солидарност на ФИФА, 5% од трансферната сума се распределува меѓу клубовите кои учествувале во развојот на играчот. Барселона ќе добие 1,35 милиони евра. Еспањол ќе добие 275.000 евра. Хетафе ќе добие 550.000 евра, а Брајтон ќе добие 275.000 евра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата