Она што вечерва требаше да биде дерби во Милано, се претвори во фудбалска лекција на тимот на Интер кој што во последниот денеска дуел од Серија А програмата со 5:2 славеше над тимот на Рома.
Дуелот имаше само еден правец, а истиот се виде уште во третата минута. Лаутаро погоди за домашно водство во првата минута, за да Манчини израмни во 40.
Сепак, Интер замина на пауза со водство, откако Чалханоглу постигна прекрасен гол од далечина.
Лаутаро со втор гол и Турам веќе во 55 минута прават 4:1, а Барела ја поставува „петардата“ на семафорот во 63. минута.
Пелегрини само означи конечен резултат во 70. минута за 5:2.
Интер е лидер со 72. поени додека пак Рома е шеста со 54.

