Интер го „реши“ Емполи во второто полувреме, Венеција победи со три гола од пенал (ВИДЕО)

30.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интер го „реши“ Емполи во второто полувреме, Венеција победи со три гола од пенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер славеа на гостински терен кај Емполи со 0:3 во меч од 10. коло од Серија А лигата. Шампионот на Италија, не успеа да ја „начне“ мрежата на домашните во првите 45. минути, па одлуката за победникот падна во вториот дел. Емполи во првото полувреме остана со играч помалку поради исклучувањето на Саба, што само му ја олесни работата на фаворитот во вториот дел.

Интер поведе преку Давиде Фратези во 50. минута (0:1), а истиот играч во 67. минута веќе го зголеми водството на гостите и на 0:2. Третиот гол за „нероаѕурите“ го постигна Лаутаро Мартинез во 79. минута (0:3).

Извонредно возбудлув меч се одигра вечерва во Венеција. Таму Удинезе стартуваше фуриозно и поведе со 0:2 со головите на Ловриќ и Браво веќе до 25. минута.

Потоа следуваше ревијата на пенали за домашните. Прво во финишот на полувремето Похјанпало погди во 41. минута за 1:2, а во вториот дел домашните го искористија црвениот картон на Туре и добија уште два пенали за целосен пресврт. На 2:2 израмни Кавиља, додека Похјанпало во 86. минута ги доведе домашните и до предност за победа од 3:2.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата