Неочекувани и сензационални 1:2 на мечот во Бергамо меѓу Аталанта и Каљари вечерва во рамките на 4.коло во Серија А.
Веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативец Елиф Елмас остана на клупата кај домашниот состав, не доби минутажа од тренерот Маурицио Сари без разлика на тоа што резултатот на тимот од Бергамо не му одеше во прилог.
Ова е голем удар за Аталанта ако се знае какви беа амбициите сезонава. Гостите иако аутсајдери одиграа одлично, стрелци на головите беа Менди во 19.минута за 0:1 и Малдини од пенал за 1:2 во 61.минута, додека голот за 1:1 во 41.минута беше дело на Скамака.
Каљари сега има 9 бодов по 4.коло, додека Аталанта остана тие шест.

