Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување.
Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов со својот Левски успеа да слави против Каират и да се пласира во пклеј – офот. Таму се и Динамо Загреб, Цеље… но не и Ц.Звезда која просто се избламира во двомечот со Хапоел Бер Шева.
РЕЗУЛТАТИ – ЛШ
Каират – Левски 0:1
Бодо/Глимт – Ројал Унион 3:2
Сабах – Архус 4:0
Кауно – Динамо Загреб 1:2
Нек Нијменген – Олимпијакос 2:1
Ц.Звезда – Хапоел Бер Шева 0:2
Цеље – Арарат 2:0
Слован – Мјалби 2:0
Штурм – Фенербахче 0:1
Лион – Спарта Прага 3:0
*Екипите кои се болдирани се пласираа во плеј – офот во ЛШ
Да споменеме дека Елмин Растодер со својот Панатинакос ќе игра во плеј – офот во Лигата на Конференции, откако вечерва во Бугарија, грчкиот гигант во продолженијата успеа да слави кај ЦСКА 1984 со 1:2, откако по 90.минути беше 1:1, како и на првиот меч. Растодер беше стартер кај Пао а во игра беше до 65.минута.

