И Елмас стрелец во голеадата во Бергамо: Аталанта и Интер одиграа спектакуларни 4:4!

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Елмас стрелец во голеадата во Бергамо: Аталанта и Интер одиграа спектакуларни 4:4!
ФОТО:.facebook.com/atalantabc

Аталанта – Интер 4:4 е исходот од спектакуларниот меч во рамките на 12.коло во Серија А. Убава вест за нас е тоа што и Елиф Елмас беше стрелец во голеадата во Бергамо и тоа со убав гол за намалување на водството на гостите за 1:2 и тоа во 35.минути. Сепак Дијамантот во 69.минута беше заменет.

Пио Еспосито во 16. и 32.минута му донесе водство на Интер од 0:2, следуваше голот на Елмас а Еспосито својот трет гол го постигна во 52.минута.

Аталанта потоа намали преку Де Кетеларе, за да Сучиќ од пенал носи повторно +2 за шампионот во 75.минута, но Де Кетеларе одново во таа 80.минута стрела сега за 3:4.

И тоа не беше се од домашните, во 90.минута Кеси од пенал израмнува на 4:4.

Уф, неверојатен меч, нешто што во последно време е редовна појава во Серија А.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата