Милан со “петарда“ го разнесе Фрозиноне

22.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан со “петарда“ го разнесе Фрозиноне
ФОТО:.facebook.com/ACMilan

Милан против Фрозиноне 5:1 вечерва во меч од 12.коло кој се одигра на „Сан Сиро“. Сигурна игра и убедлива победа на големиот фаворит за освојување на нови три бода со кои сега клубот од Милано има 27 и е на 4.место на табелата.

Серија голово ја отвори Калвани во 4.минута и тоа со автогол за водство на домашните од 1:0. Веќе во 19.минута Рамош стрела за 2:0 и тука се виде кој ќе победи на овој нерамноправен меч на кои “росо-нерите“доминираа во целост.

Масини во 24.минута намали на 2:1, ама тоа како да ги разлути домашните, па следуваа три гола и тоа на Јашари во 48.минута, Сисе во 60. и на Пулишиќ во 68.минута за конечни 5:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата