И 4:0 малку им беа: Вечерва Европа го виде еден од најголемите пресврти во историјата!

17.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И 4:0 малку им беа: Вечерва Европа го виде еден од најголемите пресврти во историјата!
ФОТО: Screenshot Youtube

Ете, и тоа го има во овие квалификации во Лигата на Конференции. Секако дека трагичари се играчите на Рунавик од Ф. Острови кои во Финска на гости кај Хелсинки во реваншот дојдоа со предност од 4:0 од првиот меч на свој терен.

Никој, ама баш никој од нив не ни помислуваше дека и тие четири голови ќе бидат малку за пласман понатаму.

Хелсинки во 90+4.минута постигна гол за 4:0, а во продолженијата уште еден за победа од 5:0 и за пласман понатаму.

По истекот на тие 120 минути гостите беа во шок. Не можеа да сфатат дека се елиминирани, дека се е готови и дека тие се “виновниците“ за еден од најголемите пресврти во историјата на европските натпреварувања.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата