Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати
Фото: Équipe de France de Football

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомнителни плаќања направени од Французинот на петмина обезбедувачи кои се одговорни за безбедноста на членовите на тимот.

„Истрагата е во тек. Поради сложената природа на финансиските трансакции, потребно е дополнително да се утврди дали се извршени кривични дела“, соопшти обвинителството.

Испратен е одговор и од тимот на Мбапе, во кој се наведува дека сè е направено во согласност со правилата и дека немало никаква нечесна игра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата