Гвардиола: Тројца или четворица во одбрана, бекови и крила – сето тоа се глупости

29.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Тројца или четворица во одбрана, бекови и крила – сето тоа се глупости
фото: Manchester City (X)

Во споредба со минатата сезона, Манчестер Сити моментално игра многу добро.
Екипата на Пеп Гвардиола е втора на табелата во Премиер-лигата и заостанува само два бода зад водечкиот Арсенал по 18 одиграни кола. Сити има добар настап и во Лигата на шампионите, каде што се наоѓа на четвртото место и многу лесно може директно да се пласира во осминафиналето.

Пеп Гвардиола зборуваше за тоа дека на неговиот тим, но и нему лично, минатата сезона му недостигала енергија за да ги достигне највисоките цели. Шпанскиот стручњак верува дека Сити оваа сезона е на вистинско ниво, а на таа тема говореше и на прес-конференција.

„Енергија, енергија, енергија. Јас прв ја изгубив енергијата минатата сезона. Сега почнавме подобро да тренираме и тоа се гледа. Можеме да зборуваме за игра со тројца или четворица во одбрана, за бекови и крила, но сето тоа е глупост. Моравме да ја вратиме енергијата и така да создадеме подобра атмосфера. Имаше магла во нашиот тренинг-камп што нè кочеше.

Нешто ни недостигаше. Тренерите не се волшебници – не можете со крцкање на прстите нешто да вклучите или исклучите. Понекогаш е потребно време, а победите ги забрзуваат процесите. Сега имаме осум победи по ред во сите натпреварувања. Не е лесно, но се натпреваруваме најдобро што знаеме и умееме. Мораме уште да напредуваме, но нашиот менталитет сега е подобар“, изјави Гвардиола.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата