Англискиот гигант Ливерпул покажува сериозен интерес за напаѓачот на Феенорд, Ајасе Уеда, јавуваат холандските медиуми.
Според информациите „црвените“ бараат евтина опција за засилување на нападот. Причините се скршената нога на Александар Исак и отсуството на Мохамед Салах, кој учествува на турнирот Африкански куп на нации.
Потрагата по нов играч ја однесе управата на Ливерпул во Холандија, каде што се одлучија за Уеда. 27-годишниот јапонски репрезентативец е импресивен за Фенорд од почетокот на сезоната, постигнувајќи 19 гола на 25 натпревари.
Ливерпул го гледа како сигурно засилување во својот тим, кој може успешно да се распореди доколку е потребно.
Од своја страна, Уеда би ја поздравил можноста да се пресели на „Енфилд“. Таму, тој би имал шанса да игра заедно со својот сонародник и соиграч од јапонскиот национален тим, Ватару Ендо.

