Гвардиола: Не критикувајте Халанд, подоцна ќе морате да му се извините!

23.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвардиола: Не критикувајте Халанд, подоцна ќе морате да му се извините!

Манчестер Сити ќе му гостува на Нотингем Форест во натпреварот од 6. коло на Премиер-лигата. Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола го најави натпреварот со осврт на формата на Ерлинг Халанд.

Норвешкиот напаѓач досега постигна седум првенствени голови и е водечки стрелец во првенството, но неговата реализација е помала од минатата сезона, доволна причина за да почнат критиките на негова адреса.

“Тој имаше големи шанси и веќе можеше да постигне 14 или 15 гола. Тоа значи дека играме добро. Ова го зборам според тоа како игра тимот и колку шанси имаше Ерлинг. Ако тој не е вклучен во тие шанси, тогаш нешто е погрешно со динамиката и процесот во нашата игра.

Ве советува да не го критикувате премногу. Критикувајте ги бековите, стоперите или тренерите, но никогаш напаѓачите кои постигнуваат голови и ќе ве стават таква позиција што на крајот ќе мора да им се извините. Тој напредува секоја недела“, рече Гвардиола.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата