Готово е: Дон Карло си оди, Реал Мадрид ќе потврди после Ел Класико!

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Дон Карло си оди, Реал Мадрид ќе потврди после Ел Класико!

Готово е. Карло Анчелоти си оди од Реал Мадрид, односно двете страни имаат договорен раскин на договорот кој е до 2026. Сепак “кралевите“ ќе потврдат после Ел Класико кое се игра во недела, а на кое веројатно ќе се реши шампионот во Ла Лига сезонава.

Тогаш и ќе знаат деталите од разделбата која тогаш ќе се официјализира.

Дон Карло ќе го води Реал Мадрид до крајот на сезоната, но нема да го води на Светското клупско првенство во САД кое се одржува од 14 јуни до 13 јули.

Ова брзање е на барање на Фудбалската Конфедерација на Бразил која сака уште во јуни да го има за селектор Дон Карло.

Оваа информација попладнево и вечерва ја пренесува “Марка“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата