Готово е: Чаби Алонсо наскоро ќе објави дека е нов тренер на Реал, а еве како “кралевите“ ќе се простат од Дон Карло!

28.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Чаби Алонсо наскоро ќе објави дека е нов тренер на Реал, а еве како “кралевите“ ќе се простат од Дон Карло!

По поразот од Барселона во финалето на Копа Дел Реј, сега на сите им е јасно што ќе прави Флорентино Перез. Веднаш по мечот одекна “бомба“ дека Карло Анчелоти е новиот селектор на Бразил, а Дон Флорентино веќе им кажал на своите соработници дека Чаби Алонсо и дефинитивно ќе ја преземе екипата за следната сезона.

Според медиумите во Шпанија и Германија, Чаби Алонсо најавил дека наскоро ќе објави дека го напушта Леверкузен и дека се сели во Мадрид.

Инаку медиумите во Шпанија, оние кои се блиски до “кралевите“ откриваат на кој начин Реал ќе се прости од Дон Карло.

Како прво Реал ќе му ја исплати платата на Италијанецот и за следната 2025/26 сезона, до кога има договор а и ќе го направи доживотен амбасадор на Реал Мадрид. На мечот со Сосиедад од последното коло ќе има посебна церемонија за Италијанецот, а се очекува Снтијаго Солари да го води Реал на Светското клупско првенство.

Јасно е дека Анчелоти тоа и го заслужува.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата