Голман сам си даде гол во 90. минута, навивачите го обвинија дека се обложувал (ВИДЕО)

4.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голман сам си даде гол во 90. минута, навивачите го обвинија дека се обложувал (ВИДЕО)

Еден од натпреварите кои беа одиграни минатиот викенд, а за кој многу се зборува низ социјалните мрежи е дуелот од првенството на Панама, меѓу екипите на Алианца и Спортиг Сан Мигелито.

Имено, при резултат 2:2 во 90. минута од натпреварот, гостинскиот голман Хозе Калдерон, кој бранеше и на Светското првенство во 2018 година, сам си постигна „чуден“ автогол.

Неговиот тим загуби, а навивачите на Спортинг веднаш го обвинија дека овој потег го направил само поради обложување.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата