Голгетерски блесок на Черки и Халанд, Сити со втора победа

28.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Голгетерски блесок на Черки и Халанд, Сити со втора победа
фото: Manchester City (X)

Екипата на Манчестер Сити оствари убедлива победа од 4:1 на гостувањето кај Кристал Палас на „Селхрст Парк“, во натпревар од англиската Премиер лига во кој блескаа Ерлинг Холанд и Рајан Черки.

Гостите од Манчестер уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз играта, а резултатот беше отворен во 17. минута кога Ерлинг Холанд го постигна својот прв гол на мечот за водство од 1:0. Со овој резултат се замина и на одмор. Вистинска фудбалска динамика донесе второто полувреме. Во 54. минута Рајан Черки ја зголеми предноста на „граѓаните“ на 2:0, но Кристал Палас брзо се врати во игра откако само две минути подоцна (56′) Џанлуиџи Донарума си постигна автогол за 1:2, по слободниот удар на Пино.

Сепак, надежите на домаќините беа згаснати во 59. минута кога инспирираниот Черки го постигна својот втор погодок на натпреварот за 3:1. Конечниот печат на доминантната партија го стави Холанд во 84. минута, реализирајќи за убедливи 4:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата