Англискиот гигант Ливерпул е на чекор до реализација на еден од најголемите трансфери ова лето. Францускиот репрезентативец и крилен напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, утре (сабота) пристигнува во Англија на лекарски прегледи, по што официјално ќе го стави својот потпис на договорот со клубот од „Енфилд“.
Според пишувањата на угледниот француски весник Л’Екип, ПСЖ за 23-годишниот фудбалер ќе добие вкупно 140 милиони евра заедно со предвидените бонуси (фиксни 100 милиони фунти плус 20 милиони во бонуси).
Баркола минатата сезона беше еден од најзабележителните играчи на светците, постигнувајќи 11 голови на 29 натпревари во француската Лига 1. Неговото пристигнување се очекува значително да ја засили офанзивната линија на Ливерпул пред продолжението на сезоната во Премиер лигата.

