Го напушта Реал после девет години и 17 освоени трофеи!

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го напушта Реал после девет години и 17 освоени трофеи!

Изненадувачки вести дојдоа од Реал. Марко Асенсио ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона. 27-годишниот напаѓач од почетокот на годината преговара со Реал за продолжување на договорот кој истекува во јуни. Клубот сакаше тој да остане, му понудија продолжување, но Асенсио одби. Шпанецот смета дека заслужил поистакната улога во тимот и не сакал да потпише, па од крајот на јуни ќе биде слободен играч.

Асенсио на „Сантијаго Бернабеу“ е седум години, пристигна од Мајорка во 2014 година. Оваа сезона одигра 50 натпревари за Реал Мадрид, постигна 12 гола и забележа осум асистенции.

Тој освои 17 големи трофеи за време на неговите седум години во клубот: три Лига на шампиони, три титули во Ла Лига, четири Светски клупски првенства, три европски Суперкупа, три шпански Суперкупа и еден Куп на Кралот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата