Гледачите стравуваат да дојдат на стадион: Франција – Израел ќе се игра речиси пред празни трибини!

9.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гледачите стравуваат да дојдат на стадион: Франција – Израел ќе се игра речиси пред празни трибини!

И покрај случувањата во Амстердам завчера, властите во Франција немаат намера да го преместуваа мечот со Израел во рамките на Лигата на Нации кој и дефинитивно ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз.

Сепак најверојатно ќе се случи анти – рекорд во поглед на посетата. Иако капацитетот на овој стаидон е околу 80.000 гледачи, на овој меч нема да има ни 20.000 фанови. Велиме анти -рекорд зошто досега најмала посета на овој стадион била 36.000 во 2003 година во Купот на Конфедерации меѓу Франција и Нов Зеланд.

Како прво гледачите стравуваат да дојдат на стадион на средбата против Израел од познати причини, а и поради фактот дека горниот дел од трибините ќе биде затворен, гледачи ќе има само во долниот дел и се поради мерките за безбедност.

Ќе има невиден број на полицајци и лица во цивил кои ќе се грижат за безбедноста на сите кои што на 14 ноември ќе се најдат на “Стад де Франс“ и неговата блиска околина.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата