Екипата на Манчестер Сити ќе се соочи со огромни проблеми во следниот период поради повредата на Рубен Дијаз. Истата ќе го оддалечи столбот на одбраната на Сити од терените околу еден месец, во реално клучниот дел од сезоната.
Проблем за португалецот е тетивата, која што страдаше за време на викенд дербито против Челзи.
Ова значи дека Сити ќе има речиси нова одбрана во текот не следниот период, затоа што Јошко Гвардиол е исто така надвор од теренот поради операција на тибијата.

