Газета: Следните три меча се клучни за Фонсека

20.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Газета: Следните три меча се клучни за Фонсека

Екипата на Милан е во играчка и пред се резултатска криза, па нешто мора да се промени секако, за да сезоната не замине во неповрат. Сходно на тоа, шпекулациите околу евентуалната смена на актуелниот тренер Фонсека се присутни веќе денови, а денешното издание на Газета дело Спорт вели дека следните три натпревари се клучни за судбината на тренерот на клупата на Милан.

Вечерва Милан гостува во Верона, но и да не се добие овој меч Фонсека нема да настрада. Росонерите потоа ја пречекуваат Рома на 29 декември, пред да заминат на дуел во полуфиналето од Суперкупот на Италија против Јувентус во Ријад на 3 јануари. Дури потоа ќе се одлучува за судбината на Фонсека, откако ќе се види исходот од овие три дуели. 

Милан само за информација, заостанува цели 14 бода зад лидерот во Серија А, тимот на Аталанта.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата