Габриел повторно се повреди и ќе мора да паузира неколку недели

21.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Габриел повторно се повреди и ќе мора да паузира неколку недели

Фудбалерот на Арсенал и бразилската репрезентација, Габриел Магалхаеш претрпе повреда на интернационалната пауза и поради тоа ќе мора да паузира во наредните неколку недели. Младиот дефанзивец на „топџиите“ претрпел повреда на бутниот мускул на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Тунис.

„За жал, Габриел се повреди на натпреварот со репрезентацијата и ќе отсуствува неколку недели. Утре ќе направиме уште едно снимање и ќе го смалиме временскиот оквир за неговото враќање“ – изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета. Шпанскиот стратег исто така изјави и дека за дерби-натпреварот против екипата на Тотенхем овој викенд, неизвесен ќе биде и Рикардо Калафиори.

Арсенал пред себе има доста тежок распоред, а Артета има големи кадровски проблеми, бидејќи освен Габриел и Калафиори повредени се уште и Ѓоќерес, Одегард, Мадуеке, Хаверц и Габриел Мартинели.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата