Фудбалски скандал со обложување во Италија – пристигнаа строги казни

3.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалски скандал со обложување во Италија – пристигнаа строги казни

Напаѓачот на Бари, Џузепе Сибили (29), е обвинет за обложување на натпреварите на својот тим и се соочува со 16-месечна забрана за активно играње фудбал. Дополнително, тој ќе мора да плати и парична казна.

Сибили беше редовен играч во новата сезона, играјќи шест натпревари за Бари во сите натпреварувања, а сега ќе биде надвор од тимот до крајот на сезоната.

Враќањето на Сибили на теренот не се очекува до почетокот на 2027 година.

Секако, фудбалерот има право на жалба, но во такви ситуации казните се јасни, а италијанските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Бари можел само да ја намали казната, но не и 16-месечната суспензија.

Џузепе Сибили пристигна ова лето на позајмица од Сампдорија, а пред Бари и Сампдорија го носеше дресот на Пиза и Албинолефе.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата