Фратези се закани: Ако Инзаги остане, јас си одам

1.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фратези се закани: Ако Инзаги остане, јас си одам

Фудбалерот на Интер, Давиде Фратези ко изрази своето големо незадоволство поради поразот во финалето на ЛШ. Иако италијанецот го постигна победоносниот погодок против Барселона во полуфиналето, тој не доби ниту една минута на вчерашниот натпревар.

Според „Газета дело Спорт“ Фратези му пришол на тренерот Инзаги по натпреварот, го потапкал по рамото и го прашал зошто воопшто не влегол во играта. Италијанските медиуми тврдат дека Фратези има намера да го напушти Интер доколку Инзаги остане на клупата на „нероаѕурите“. Симоне Инзаги изјави дека за неговата судбина во Интер ќе се дискутира по финалето на ЛШ, а за неговите услуги се заинтересирани неколку европски клубови, како и Ал Хилал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата