Франција покажа дека и кога не блеска, знае да победува

5.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција покажа дека и кога не блеска, знае да победува

Вчера започнаа осминафиналните натпревари на тековното СП 2026. Се одиграа две меча на кои победија фаворитите, но не беше така лесно за нив. Мароко ја победи Канада со 3:0, а Франција славеше против Парагвај со 1:0 и тоа со голот од пенал на Мбапе.

Наш денешен гостин во “Коментар на денот“ е Артим Шаќири кој за читателите на “СпортСпорт“ дава своја анализа.

-Иако победија со 3:0, сепак на Мароканците не им беше така лесно со Канада…

Ако се знае дека вториот и третиот гол паднаа во самиот финиш на мечот, тогаш така може да се каже. Се виде уште еднаш дека Мароко е сериозна репрезентација, која во секој момнент знае што сака. Секако шокантно делуваше за нив повредата на Саибари и негово излегување, но откако мина тој првичен шок, работите си дојдоа на своето место. Канада си имаше свои амбиции, во одредени моменти од натпреварот имаше и свои шанси, сепак на крајот пресуди квалитетот на Мароко. Ова и не е изненадување за мене. Јас и пред стартот на првенството реков дека Мароко е еден од оние репрезентативни тимови кои имаат квалитет за големи нешта. По минатиот шампионат во Катар, каде беа во полуфиналето, сега го имаат и тоа искуство за да се справат со проблемите на вакви натпревари. Заслужена победа на Мароко, на крај дури и убедлива. За Канада во овој момент ова е максимумот“.

-Очекувано Франција оди натаму, ама неочекувано Мбапе и другарите не блескаа…

Целта е остварена, а тоа пласман во следната фаза. Инаку не е возможно на секој меч да играш убаво за око, да победуваш со 3-4 голови разлика, да ја водушевуваш публиката. Ако сакаш да бидеш светски првак, а Франција секако дека сака, тогаш не можеш да блескаш на сите осум натпревари. Понекогаш е добро и на вакви натпревари да покажеш карактер. А Франција покажа и тоа како. Видовте и самите и кога не им одеше немаше паника кај селекторот Дешамп, напротив, тој ги смируваше своите играчи. Сакам да кажам нешто и за судијата. Тој е виновникот за целата таа нервоза на теренот. Мораше уште првиот старт на Парагвајците да го санкционира, имаше удари со лакт, влечење, удари кон противнокот додека лежи долу на терен. Им дозволи да играат „прљаво“, неспортски. Тоа е стилот на Парагвај, нивно легитимно право е како ќе играат, но само во рамките на фер – плејот. Вака испаѓа дека со неговиот начин на судење само го фаворизираше Парагвај. Инаку добро за Франција е и тоа што покажа дека знае да победува и кога не блеска. Да, и оваа Франција со сите тие силни ѕвезди во тимот, има свои слабости. Мислам пред се во дефанзивата, но не е тоа случај само со Франција, тоа го имаат сите селекции“.

-Мароко – Франција е првата 1/4 финална двојка…

Уште сега се радувам на овој меч во кој силите ќе ги одмерат две силни репрезентации. Предност и давам на Франција, но за Мбапе и другарите, ова ќе биде најсилен тест досега. Ова е судир и на две земји кои се блиски во секој поглед, има многу Мароканци кои играат во Лига 1, нема непознато. Тоа ќе биде и тактички дуел, не верувам дека ќе има голеада, влогот е голем. Франција нема да го менува стилот, секако дека нема ни безглаво да јуриша. Дешамп многу добро ги знае квалитетите на Мароко, посебно нивната транзација“ заврши Шаќири.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата