Франко Мастантуоно и официјално на позајмица во Фиорентина

7.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франко Мастантуоно и официјално на позајмица во Фиорентина

Поради огромна конкуренција, и потреба на играчот за поголема минутажа, тимот на Реал Мадрид и официјално го испрати аргентинскиот интернационалец, Франко Мастантуоно на позајмица во тимот на Фиорентина.

Трансферот го потврдија и двата клуба, со што се става крај на шпекулациите околу судбината на младиот играч за следната сезона.

Во своето официјално соопштение, Реал Мадрид ги прецизираше деталите од договорот: „Реал Мадрид и Фиорентина постигнаа договор за позајмица на играчот Франко Мастантуоно до крајот на следната сезона, 30 јуни 2027 година“ – овјавија од Мадрид. 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата